ВМРО-ДПМНЕ има најголема предност пред СДСM откако Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) врши мерење на јавното мислење. Помеѓу доволен и добар или 2,44 е средната оценка што граѓаните и ја дале на Владата за нејзината работа во првите 100 дена, покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „100 дена Влада“ спроведено во периодот од 3 до 13 мај 2022 година.
Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во ова истражување на јавното мислење е 20.7%, а на СДСМ 14.6%, разлика од 6,1% највисока досега.
Владата во првите 100 дена не ги исполнила очекувањата на 65,1% од граѓаните.
Речиси една четвртина од граѓаните (23%) целосно се разочарани од сите подрачја, додека пак незначително малцинство од 4,7% не се разочарани од ниту едно подрачје.
Граѓаните се разочарани во економијата (13,9%), здравството (10,6%), надворешните работи и дипломатијата (8,5%) и правдата (8,2%).
Мнозинството граѓани (63,7%) немаат доверба во владата.
Околу половина граѓани (51,8%) веруваат дека земјата се движи во погрешна насока.
Најважните проблеми со кои се соочува земјата се сиромаштијата и невработеноста (30%) и корупцијата и криминалот (25,9%). Во низата на проблеми со кои се соочува земјата потоа следуваат економската ситуација (13,9%) и иселувањето на младите (13,5%).
Мнозинство граѓани (55,1%) веруваат дека економијата ќе се влоши во следните две години.
М-Проспект во периодот од 03.05.2022 до 13.05.2022 спроведе телефонско истражување (CATI) со цел испитување на јавното мислење за довербата во Владата, ставови за работата на Владата во првите 100 дена.
Анкетата е спроведена на национално репрезентативен примерок од 1.005 испитаници. Примерокот е двофазен стратификуван, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење. Анкетираните се лица над 18 години, граѓани на Република Македонија
Comments are closed for this post.