Она што беше најавено уште во март годинава, денеска и официјално доби регистрација во Централниот регистар на Македонија – Фондација Заев – едно општество за сите. Сопственици на фондацијата се Зоран и Вице Заев со основна главнина од 20 илјади евра. Директор на фондацијата е Зоран Заев.
Во регистрацијата пишува дека фондацијата ќе врши дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница Струмица.
Цели на фондацијата се креирање на Заев социјално-хуманитарниа програма, Заев солидарно – инклузивна програма, Заев конгрес центар, Заев програма за животна средина, Заев академија на јавни политики, Заев спортско-рекреативна програма, Заев мото-рели…
Заев идејата за тоа дека ќе формира фондација ја најави во март на дипломатскиот форум во Анталија. Најавено беше дека во тимот на фондацијата ќе биде и поранешниот министер за здравство Венко Филипче како и други поранешни функционери, актуелни интелектуалци, професори, бизнисмени, поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе од сите етнички заедници и од невладиниот сектор.
Comments are closed for this post.