На 05.06.2022 полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Г.В.(19) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ во обид, при што околу 01.40 часот бил затекнат во двор од куќа во Штип, каде со употреба на сила се обидел да одземе мотоцикл, сопственост на М.А. и „тешка кражба“ од патничко моторно возило, сопственост на Т.Г..
По комплетно документирање на случаите, против Г.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Comments are closed for this post.