Стоковите резерви се на ниво пропишано со закон и тековно се менаџираат. Нема потреба да се активираат бидејќи нема недостаток на храна и енергенси, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
– Кога зборуваме за стоковите резерви, веројатно мислите на храната и на нафтени деривати. Во моментов има непречено снабдување со нафтени, кое е постојано од почетокот на кризата бидејќи се снабдуваме од солунското пристаниште и тоа над 70 проценти се работи за нафта која не е од руско потекло туку од друго потекло, посочи Ковачевски.
Во однос на храната, премиерот истакна дека се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги има државата и кои обезбедуваат непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци. Тој додаде дека нема недостаток на храна во државата, бидејќи обезбеден е непречен проток на прехранбени производи преку соседните држави Албанија, Грција и Србија.
За цените на производите во малопродажбата, премиерот информираше дека е запознаен со одредени злоупотреби и оти нема да дозволи дел од дистрибутерите да вештачки да ги покачуваат цените со големи маржи. Најави дека инспекциите ќе работат на терен и ќе нема селекција во инспекциите и спроведување на законот на добрите практики на однесување во услови на најголема криза.
Comments are closed for this post.