Претседателот Христијан Мицкоски ги брани позициите на Македонија и во ЕПП и во средбите со бугарските претставници, проблемите се создадени од СДСМ. Претседателот Мицкоски пред целиот Конгрес на ЕПП кажа дека Македонија се соочува со агресија од Бугарија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот Мицкоски од бугарското МНР побара тргање на ветото за почеток на преговорите. За разлика од претседателот Мицкоски. СДСМ и Ковачевски молчат. Им требаа денови да го осудат отворањето на бугарскиот клуб со име Ванчо Михајлов. А, нивниот ментор Заев го создаде проблемот со Бугарија кога кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се ист народ, и дека зборуваат ист јазик. Заев ги уништи Македонските позиции и ја изнегира нацијата, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека заради СДСМ сега Македонија е оспорувана.
СДСМ беше на линија со најголемите шовинистички идеи во Бугарија. Тоа ги отвори апетитите во Софија. СДСМ треба да знае, без разлика колку и да се виткаат тие. ВМРО-ДПМНЕ нема са прифати договор кој е на штета на македонските позиции. Доволно е од понижувања. Премногу е. Затоа протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада, посочуваат од партијата.
Comments are closed for this post.