– Предвремени избори може да направиме и утре, но што би решиле тие во однос на кризите со кои се соочуваме, оцени претседателот Стево Пендаровски, додавајќи дека се сомнева оти со предвремени избори би имало деблокада на евроинтеграциите или промени во делот на цените на енергија и храна.
Зборувајќи за политичката нестабилност и турбуленции дома, Пендаровски во емисијата „Утрински Брифинг“ истакна дека не гледа како кризите би можеле да се решат со нова политичка структура.
– Високите цени на енергенсите, храната и инфлацијата не е само домашен производ. Енергетската криза почна шест-седум месеци пред војната во Украина. На кој начин нова влада тука ќе има влијание на глобалните пазари на животни продукти, изјави Пендаровски.
Comments are closed for this post.