Островот Готланд во Балтичкото море под владение на Шведска е една од причините зошто Русија се спротиставува оваа скандинавска земја да стане членка на НАТО. Во 1808 година, Готланд накратко бил окупиран од Русите, кои исто така ја ценеле нејзината стратешка локација.
Сега е популарна туристичка дестинација но отсекогаш бил важна за одбраната на Шведска.
– Поговорката е дека оној што го контролира Готланд го контролира и јужниот дел на Балтикот – објаснува Микаел Норби, историчар од Универзитетот во Упсала.
Историчарот вели дека тоа е прашање на локација.
Го имате Готланд во средината на Балтикот, тоа е помалку од 100 километри до копното на Шведска, можеби 120 километри до балтичките земји, 200 километри до Финска и 300 километри до Калининград, руската енклава… без разлика дали сте исток или запад, не сакате некој друг да го има Готланд – додава тој.
Comments are closed for this post.