На 5 јуни, на празникот Педесетница или Св. Тројца, поглаварот на МПЦ-ОА, Г.Г. Стефан, и Вселенскиот патријарх Вартоломеј најверојатно во Цариград ќе ја одржат првата заедничка богослужба.
Ова го најави софиски Дневник на својата веб-страница во текст посветен за црковните состојби по признавањето на МПЦ-ОА од страна на Вселенската Патријаршија за канонска и ја повика решението за автокефалност да го бара низ дијалог со СПЦ.
-Ниту ја потврдувам, ниту ја демантирам ваквата информација, изјави за Пресинг ТВ портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј.
Во текстот не се споменува децидно местото на заедничкото богослужење, но најверојатно тоа ќе биде во Царигардската патријаршија.
Comments are closed for this post.