Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека уште прибираат информации за кражбата во фабриката за марихуана 5 „Летерс“ . Во крушевското село Алдинци неодамна беа украдени над 100 шишиња масло од канабис во вредност од над два милиони евра.
Спасовски посочува дека ова не било прв случај на вакви кражби и оти надлежноста во однос на обезбедувањето на објектите и чувањето си ја имаат фирмите, додека надзорот од овој аспект го врши Министерството за здравство.
Така што ние сме максимално посветени во делот на контролата и надзорот што е во надлежност на МВР. Овде станува збор за кражба за којашто се прибираат податоци, сè со цел сторителите да бидат пронајдени и казнети. Сите досегашни слични грабежи беа расчистени-вели Спасовски во интервју за „Радио Слободна Европа“.
„5 Летерс “ за една година два пати е ограбена. Во време на кражбата била во стечајна постапка и не работела. Во фабриката била складирана марихуаната која е дел од стечајната маса.
Пред кражбата била спроведена и вонредна инспекција и било откриено дека е прекршен законот, односно дека фирмата произведувала канабис кој не бил пријавен.
Comments are closed for this post.