Миле Јанакиески, кој е обвинет во случајот „ТНТ“ за рушење на објектот „Космос“, на денешните завршни зборови ќе побара ослободителна или одбивателна пресуда од Судот. Тој смета дека постојат неколку причини за тоа а како најважни ги истакнува дека за сите дејствија во обвинителниот акт постојат правосилни пресуди од врховниот, апелациониот, уставниот, како и од основните судови.
Добро е да се потсети дека согласно македонското законодавство и праксата на судот за човекови права, еднаш пресудена пресуда не може да се суди по вторпат.
Покрај тоа, постои правно мислење од еминентет професор, а сегашен министер за правда дека делото за кое му се става на терет е застарено а постои и решение за помилување.
Во ваков случај Судот треба да ја почитува праксата на Судот во Стразбур.
Низ постапката се докажа дека не постои ниту еден материјален доказ дека Јанакиески извршил потикнувачко дејствије спрема тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски и покрај сите нелегално снимени разговори и СМС пораки кои се нелегално стекнати.
Доколку судот донесе ослободителна пресуда државниот буџет ќе биде поштеден од 20 милиони евра колку што инвеститорот Фијат Цаноски бара за оштета.
Comments are closed for this post.