Северина има нарушени односи речиси со целото семејство. Таа има две сестри, Зденка и Маријана, но со нив не комуницира подолго време. Најтешко и е на мајката Ана која безуспешно се обидува да ги смири сестрите.
На сестрата Зденка Севе не и се јавила со години. Таа живее во Задар со сопругата Здравко Жуниќ, а со Северина не сака да има ништо. Зденка не го одобруваше бракот со Којиќ. Таа и замеруваше на нејзината помлада сестра затоа што,дозволила нејзиниот живот да биде управуван од менаџерската машинерија.
– Таа има планетарна слава, но тажен живот. Се молам за нејзино здравје и среќа – изјави Зденка
Таа неодамна ја загуби поддршката и од втората постара сестра Маријана бидејќи мајката Ана се повеќе време поминува во станот на Северина во загрепски Козјак. Маријана се поретко успева да стапи во контакт со својата мајка. Посетите во станот на Северина и се строго забранети. Постарата сестра ја обвини дека ја крие здравствената состојба на мајка си . Севе ја ставила својата сестра на црната листа и одбива секаква комуникација.
Comments are closed for this post.