Рускиот претседател Владимир Путин повторно се појави на неколку слики кои предизвикуваат сомнеж дека можеби е болен, бидејќи на еден состанок е забележан како цврсто ја држи масата со палецот на неа, во обид да спречи треперење на рацете. Некои аналитичари шпекулираат дека можеби има Паркинсонова болест.
Сепак, ниту еден официјален извор не го потврди ова. Рускиот претседател се појавува многу ретко од почетокот на руската окупација на Украина. Во последните денови тој беше виден на состанок со неговиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, каде што имаше необично држење на телото.
Кремљ соопшти дека двајцата се сретнале за да разговараат за воената стратегија на Русија во Мариупол.
На снимката која произлезе од средбата, раката на Путин стои на масата околу 15 минути. Анализирајќи го подетално, се чини дека му е тешко да го држи палецот мирен на масата. Аналитичарите велат дека овие слики го засилуваат она што се шпекулираше дека Путин е болен, пишува шпанската телевизија „Антена 3“.
„Експертите кои ја проучуваа неодамнешната снимка на Путин забележаа дека неговите нозе се чини дека се во постојано движење и се добива впечаток дека има болки додека се држи за страните на столовите“, објаснуваат тие.
Но, не е само оваа слика која предизвикува сомнеж. Лица кои анализираат и други слики велат дека тоа се забележува дури и кога оди држејќи ја „левата рака неподвижна, речиси залепена на страна, додека десната се движи слободно“.
Comments are closed for this post.