Она што можеше да се очекува и се оствари. Во Македонија живеат нешто над 1.8 милиони жители, иако голем број на граѓани останаа непопишани бидејќи попишувачите едноставно не дојдоа кај нив дома или пак тие бојкотираа, се плашеа од короната…
Oна што паѓа во очи кога ќе се види бројката од 1.832,696 попишани граѓани е главниот адут на СДСМ кога беше во опозиција е дека за време на режимот 600.000 граѓани се иселиле од државата. Иселувањето беше главна тема на изборите во 2017 година, а во знак на протест пред владата се оставаа и чевли кои ги симболизираа иселените, Република.мк.
Но, по се изгледа пописот ги обу чевлите од перформансот на СДСМ пред Владата во 2016 година и тие се десеткуваа. За какви 600.000 заминати зборуваше СДСМ изминативе години, кога пописот што го организраа, покажува дека во последниве 20 години бројот на жители во Македонија се намалил за околу 180.000?! Секако, тука е и намалениот наталитет. И да не заборавиме, во овие 20 години, 8 години на власт е СДСМ.
Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време на отворен свет и кога нема бариери за миграции, младите лесно си одат без да се двоумат.
За разлика од бројките фрлени од ракав со кои СДСМ со години се обидува да направи драма, официјалните податоци на Евростат велат дека од Западен Балкан во земјите на ЕУ само минатата година се отселиле 228.000 жители. Од нив 24.300 се од Македонија. Најмногу луѓе се отселиле во Германија (11.500), а потоа следуваат Италија и Словенија. Процентуално изразено, бројот на заминувања од Македонија сочинува 2,1 отсто од вкупниот број жители.
Една анализа на Мрежата за спречување на одливот на мозоци, Национална стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020 е имплементирана само 11 проценти, односно не се спроведува.
Во изминатите седум-осум години оваа стратегија била само парче хартија која е зафрлена во фиоките, институциите не знаат дека постои, нема меѓуинституционална комуникација и заедничко дејствување. Проблемот е реален, постои и треба суштински да му се пристапи, велат од Мрежата.
Она што навистина треба да ги загрижува СДСМ е намалувањето на работоспособното население во последните години. Најновите податоци од Државниот завод за статистика, кои се заклучно со последниот квартал на 2021 година, покажуваат на исклучително негативни движења на пазарот на труд од почетокот на ковид кризата.
За прв пат во историјата има намалување на бројот на лица на возраст од 15 до 79 години, што покажува дека исчезнуваме како нација.
Речиси 10.000 починати лица од пандемијата, иселувањето на младите и падот на наталитетот се рефлектираа во намалување на вкупното работоспособно население за 3.373 лица од првиот квартал на 2020 година до последниот квартал на 2021 година.
Наталитет е голем проблем во цела Европа, со исклучок на 2-3 земји како Ирска и Турција, но затоа европските земји работат на стимулација. Во Македонија власта не покажа интерес за подмладокот.
Comments are closed for this post.