Македонската фудбалска репрезентација предмалку стигна на скопскиот аеродром. По кратките формалности, тие ќе се упатат со чартер лет кон Порто, каде што ќе го играат историскиот меч со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар.

Во авионот пред тргнувањето ги испрати и премиерот Ковачевски ветувајќи половина милион евра ако се пласираат на СП во Катар