Бразилецот ги изнервира навивачите со изјавата дека би сакал наскоро да се испроба во МЛС и дека поради големиот притисок ја губи волјата за фудбал. Однесувањето на Нејмар придонесува за ужасната атмосфера внатре во клубот и само се чека крајот на сезоната за да се исчисти соблекувалната. Даниел Риоло, новинар на француски „РМЦ“ тврди дека Нејмар е во лоша форма.
– Речиси не тренира, на тренинзи стигнува мизерно, на работ на пијанство. Така е, Нејмар е во духот на одмаздата против ПСЖ. Тотално раскина со клубот и соблекувалната – изјави Риоло.
Според него,нема шанси Бразилецот да остане во Париз.
– Навивачите на ПСЖ не ги интересира неговото лудило и неговиот документарец на Нетфликс. Мораме да му испечатиме чек и да го пуштиме да си оди. Нанесува голема штета на клубот. Пуштете го, го уништува ПСЖ – изјави новинарот.
Comments are closed for this post.