Украина разбира дека вратата за членство во НАТО не е отворена и затоа предлага да се брани на друг начин доколку и се дадат безбедносни гаранции, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Украина не е членка на НАТО. Ние го разбираме тоа. Слушавме со години дека вратите се отворени, но слушнавме и дека не можеме да се приклучиме. Тоа е вистина и мора да се признае“, рече Зеленски.
„Ако не можеме да поминеме низ отворената врата, треба да работиме со организации кои можеме, кои ќе ни помогнат, ќе не заштитат… и ќе добиеме некои гаранции“, нагласи Зеленски во видео порака
Comments are closed for this post.