Амбасадата на Велика Британија во Македонија излезе со соопштение за посетата на минитерката за одбрана Славјанка Петровска на Лондон.Во јавноста се крена голема прашина зошто на свечената церемонија при пречекот не беше интонирана македонската химна туку народната песна „Јовано Јованке“.
Oттаму за „Република“ објаснуваат дека државната химна кога се пречекуваат шефови на држави.
Министерката Петровска беше пречекана со Почесна гарда составена од Колдстримската гарда кога пристигна на средбата со Министерот за одбрана на Обединетото Кралство. Како што е вообичаено за ваквиот вид на гарда, на почетокот беше отсвирен музичкиот сегмент „Скорпиус“. Во знак на почит, пред министерката да ги поздрави гардистите, беше отсвирен и сегмент од македонска народна музика, „Јовано, Јованке“. Националната химна се свири само кога Почесната гарда пречекува Шефови на држави-објаснуваат од британската амбасада за „Република“.
Comments are closed for this post.