Следува пролетна инфраструктурна офанзива на градби на улици, градинки, водоводи, канализации, реконструкции и други капитални инвестиции за кои ќе говорам во друга прилика. Покажуваме нова енергија и промени кои ќе се случат и кои ќе бидат се подлабоки и посуштински,најави лидерот
на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Време е да се остават нишаните и партиските поделби. Мора да дадеме и одговориме на вистинските потреби на народот. Ова се мали чекори, но со огромна важност. Ние имаме одговорност во име на сите овие луѓе да водиме и да одиме напред.
И затоа велам дека не смееме да губиме време, туку заеднички и сложно да градиме иднина. Да создаваме промени што носат иднина.
Comments are closed for this post.