ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 21.02.2022 до 25.02.2022 зема 191 примерок за физичко-хемиска и 191 примерок за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18).
Comments are closed for this post.