Контроверзниот сопственик на романскиот клуб Стеауа , Џиџи Бекали, во телевизиска емисија изјави дека вакцината против ковид убива луѓе, па поради таа причина решил да ги отстрани сите свои фудбалери кои биле вакцинирани од стартните 11. Подоцна изјави дека е се шегува, но неговите изјави се тема во соседството.
Бекали неодамна крена прашина во земјата велејќи дека повеќе би сакал да се самоубие отколку да се вакцинира.
Ако имав пиштол и вакцина на мојата маса, повеќе би сакал да земам пиштол и да си пукам во глава! Во мојот клуб нема ништо од вакцинација – изјави Бекали, а сега продолжи во ист стил.
Романските медиуми се шокирани од одлуката на најголемиот тамошен скандал мајстор во историјата на фудбалот. Тој е обвинет дека ја саботирал вакцинацијата во земјава, бидејќи одлучил во стартните 11 да бидат само невакцинирани фудбалери.
Comments are closed for this post.