Најризичната позиција во светскиот фудбал секако е позицијата на претседателот на ФК Бежанија. Најдобра потврда за тоа се црните бројки.

Верувале или не, од 1995 до 2006 година, брутално биле ликвидирани дури ЧЕТИРИ функционери на ФК Бежанија! Меѓу убиените кои го водеа овој новобелградски клуб се Михајло Дивац, Петар Милошевиќ Пјер, Радослав Трлајиќ и Горан Мијатовиќ Мита. Милошевиќ и Мијатовиќ беа претседатели и сопственици на клубот, а Трлајиќ и Дивац беа повремени функционери. Дури и ликвидација се подготвуваше за актуелниот претседател Јован Русиќ.

Споменатите функционери беа закоравени криминалци кои на фудбалот гледаа можност да ги зголемат своите банкарски сметки. Овие „опасни момци“ од крајот ги претставија своите огромни инвестиции во клубот од пониска класа како обид да и помогнат на локалната заедница, да ги повлечат децата од улица и нивната енергија да ја насочат кон спортот, а зад сето тоа стоеше голем интерес.

Убиството на овие криминални газди беше опишано во една од епизодите на серијата „Клан“.