Убиството на Албанецот Ергис Даши (34) во Еквадор ја отвори темата за подземнта борба за превласт во бизнисот со кокаин меѓу Кавачкиот клан и албанската мафија.
Се сомнева дека егзекуцијата на Албанецот ја наредил кланот од Црна Гора. Ергис Даши бил застрелан во ресторан лоциран во пристаниште во Еквадор, од каде што заминуваат големи пратки со дрога.
Даши бил врска меѓу албанската и руската мафија. Имаше двајца напаѓачи. Едниот носеше букет цвеќе, што е своевидна порака во однос на одење на гробишта. Убиениот водел таен живот во Еквадор, каде што немал досие, а се занимавал со трговија со кокаин.
Според една верзија, Албанците пријавиле во полиција дека во Црна Гора пристигнува голем товар кокаин и со тоа го прекршиле „светото правило“ да не се кодоши. Таа дрога набрзо била запленета. Се претпоставува дека се работи за точно седум тони наркотици кои биле пронајдени со натписите С.Р.Б. и Р.С.Б.
Според втората верзија на приказната, „пајтосите“ на Звицер го презеле најголемиот дел од дистрибуцијата на кокаин во Европа, откако Кавачкиот клан бил ослабен во Црна Гора и Србија. Според упатените, тоа им пречело на Албанците во Еквадор, кои склучиле договор за соработка со овој клан.
Comments are closed for this post.