Цената на суровата нафта на светските берзи се спушти на најниското ниво во последните три месеци. Утрово, барел нафта на берзата во Лондон, се продава за 72,5 долари за барел што е намалување за повеќе од 5 долари само во последните 7 дена.
На највисоко ниво, цената на нафтата се качи на почетокот на октомври кога еден барел се продаваше за 85 долари.
Во Македонија, следната корекција на цените ќе се врши идниот понеделник. Доколку продолжи ваквиот тренд и цената на нафтата се спушти околу границата од 70 долари за еден барел, би требало од идниот вторник да сведочиме на големо поевтинување на нафтените деривати во малопродажба.
Актуелната цена е на нивото од почетокот на август годинава кога цените на бензините биле речи си идентични како и актуелните но дизелот бил за 4 денари поевтин.
Во моментов, литар дизел чини 67,5 денари, а бензините се 71,5 односно 73 денари за литар.
Минатиот понеделник, регулаторот ги намали цените на бензините за 3,5 денари, а на дизелот за 1,5 денари по литар.
За очекување е и идниот понеделник, да има значително намалување на цените кое можеби ќе достигне и до 4 денари за еден литар.
Comments are closed for this post.