Очекувано, судијата Осман Шабани ги одби сите докази на одбраната во случајот Топлик. Она што обвинителот Бурим Рустеми го најави, и се оствари.
Со тоа Јанакиески остана без ниту еден доказ пред завршните зборови.
Во образложението судијата Шабани рече дека не може да бидат прифатени дополненијата на доказите на одбраната, бидејќи тие веќе се користеле во главната расправа и од нив не произлегуваат нови околности.
Утринава, по барање на судот и власта, Јанакиески беше спроведен од полиција, иако има уредна медицинска документација дека го оперирал коленото, по повредата на ногата.
Бранителот Дончо Наков го запраша судијата Шабани дали го праша Јанакиески дали е способен да го следи судењето.
На тоа судијата одговори:
-Штом го спровеле, значи е способен.
Comments are closed for this post.