Првиот голман на македонската машка ракометна репрезентација Никола Митревски се приклучи на националниот тим во Дебрецен, каде што е во тек Европското првенство 2022. Митревски беше дочекан со овации од соиграчите.
Митревски не замина со репрезентацијата на континенталното првенство бидејќи последниот ковид-тест пред тргнувањето му беше позитивен.
Откако вчера имаше негативен тест во Скопје, тој тргна на пат кон унгарскиот град, а денеска веќе му се стави на располагање на селекторот Кире Лазаров.
Вечерва во 20 часот Македонија игра против Црна Гора
Comments are closed for this post.