Рускиот претседател Владимир Путин го отвори годишниот, четврти по ред,  Источен економскиот форум во Владивосток. Растечките трговски врски со Пекинг беше главната порака на претседателот со која го поздрави својот кинески колега, си Џинпинг.


Претседателот Путин посочи на растечките економски врски меѓу двете земји. Русија продолжува да гледа на Кина како нејзин главен трговски партнер, бидејќи Москва сака да ја прошири својата трговија со Азија.

„Трговската размена, меѓу Русија и Кина достигна 87 милијарди долари во изминатата година, ние веројатно ќе достигнеме 100 милијарди долари оваа година”, рече Путин.

Кинескиот претседател рече дека Москва и Пекинг постојано се во контакт, нагласувајќи дека Кина сака да продолжи да соработува со Москва.

“Само што забележавте дека кинеската делегација е најголема на форумот, што покажува голема атрактивност на овој состанок. Од друга страна, тоа значи сеопфатна соработка меѓу Кина и Русија во развојот на Далечниот Исток “, рече си Џипинг.

Источниот економски форум е годишна платформа за презентирање на резултатите од економскиот развој на рускиот Далечен Исток. ЕЕФ се одржува од 11 до 13 септември во Владивосток.

Темата на годинешниот настан – Далечниот исток: проширување на опсегот на можности – ги одразува аспирациите за поблиско интегрирање на Русија во економската мрежа на Азиско-пацифичкиот регион.