Новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа ги соопшти имињата на најблиските соработници во кои има кадри кои никако не можат да се наречат нови.
Напротив, граѓаните добро се сеќаваат на нив од поблиското и подалечното минато. Заклучокот е дека СДСМ не само што не се менува туку покажува и без Заев продолжува заевизмот.
Да почнеме со ред
На изненадување меѓу меѓу членовите на Извршниот одбор се најде и името на поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов кој што изгуби со енормна разлика на локалните избори од Данела Арсовска. Прашуваме какво ново лице е Шилегов, кој згора на тоа се споменува за нов министер за транспорт и врски.
Ако Шилегов за време на мандатот како прв човек на Градот успеа да „заработи“ четири станови, зграда, луксузна вила од 300м2 во Маврово, автомобили вредни над 130.000 евра можеме само да замислиме колку ќе се зголеми неговото конто ако стане градоначалник.
Старо ново-лице на Ковачевски е и Фатмир Битиќи. Во негово време се случува енергетската криза па затоа веројатно и ја доби довербата и и кај новиот лидер на СДСМ.
Ковачевски ја остави како заменик претседател Сања Лукаревска. Таа ќе биде запомената како директорката на УЈП која ги толерираше фирмите на Заеви со милионски долгови.
За Миле Зечевиќ пак што да се каже.Тој е синоним за едно друго време на СДСМ кога се правеа најголемите избори злоупотреби па се очекува таа пракса да ја продолжи и на новата функција.
Ковачевски го прибра и Стефан Богоев за кој само карпошани знаат каков градоначалник беше. Како награда за партискиот ангажман за него се готви директорската фотелја во Царина.
Во политиката се враќа и Игор Ивановски Шема кој беше дистациран во времето на Заев но сега се враќа како „свеж“ кадар.
Место се најде и за „малиот Заев“, како што го нарекуваат Костадин Костадинов, градоначалникот на Струмица.Него Ковачевски едноставно мораше да го земе како наследство од Заев.
Во партиските тела влезе и Нина Фити. За неа малку се знае и најпозната е по својот татко Таки Фити кој важи за креатор на транзицијата во деведесеттите години која остави 200.000 работници без работа.
Да резимираме, СДСМ не само што не се менува туку оди на полошо. Уште отсега е јасно дека лидер останува Заев додека Ковачевски ќе биде само в.д претседател до следниот пораз на избори. После ќе биде „дај друго дете“, по можност слично на претходното.
Comments are closed for this post.