За да тргнат работите во правилна насока меѓу Скопје и Софија треба да има еден период за повторно градење на довербата.
Ова го изјави поранешниот бугарскиот министер за одбрана Бојко Ноев, во емисијата „Денот со Веселин Дремџиев“, пренесува Трибуна.мк.
Ноев, според специјалниот претставник на македонската влада за надминување на недоразбирањата со Бугарија, проф.Владо Бучковски, важи за негово добар пријател.
Поранешниот министер смета дека Бугарија треба да има стратешко трпение и додава дека предлогот на премиерот Петков за работните групи е токму тоа, да се започне со работа.
-Да почне да се исполнува Договорот во неговите различни области, рече Ноев.
Тој дополнува дека очекува идниот македонски премиер Димитар Ковачевски да ја посети Софија и двајцата со премиерот Петков да говорат за тоа како да се зајакне довербата меѓу двете земји.
Но, при именувањето на Димитар Ковачевски, Ноев се послужи со типично бугарска финта. Намерно го нарече Ковачев и по кратка пауза го изнесе правилното презиме Ковачевски. Со ова пријателот на Бучковски нескриено алуидираше на бугарската и македонската „варијанта“ на презимето на новиот лидер на СДСМ и иден премиер на Македонија.
Според Ноев, рокот од шест месеци спомнат од Кирил Петков не е долг период на време, бидејќи РС Македонија треба да започне процес на промена на Уставот.
-Ние не сакаме од нив фундаментални промени како што тоа го сакаа Грците со Преспанскиот договор, ние сакаме еден збор, Бугари, да биде ставено меѓу другите делови од народи. Македонци, Албанци, Срби, Турци итн, вели Ноев.
Ноев додава дека поради различни причини, поради асимилација, репресии, убиства, дел од народот таму се сметаат за Македонци и Бугарија тоа не може да го негира.
-Истото тоа важи и за јазикот, кои тие си го сметаат за македонски, изјави Ноев.
Comments are closed for this post.