Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 во однос на спорот со Бугарија, владата еднаш да покаже карактер, посочувајќи дека Македонија смени име, знаеме, Устав и ова што се случува како што рече тој не е фер.
Дајте да покажеме карактер еднаш. Да покажеме дека овој народ се борел за оваа историја, жртви давал за оваа слобода за која ние денеска живееме. Овој народ смени знаме, смени Устав. Доби пресуда во Хаг па му викаа џабе ви е пресудата, таа е колоквијална. Смени име. Не е фер едноставно ова што ни го прават, настрана што овие се најслабата влада што постојат, порача Мицкоски.
Има избори, направија спот. На спотот беше прикажано делови од градот Охрид и Охридското езеро, како делови од бугарската држава и тоа никој не го осуди. Денеска ви викаат Македонија е втора бугарска држава и пак никој не го осуди. Третиот пат инвазија ќе ви направат, вели Мицкоски.
На прашањето дали доколку тој е прв човек на владата веднаш би испратил и протесна нота и осуда до бугарскиот колега на вакви изјави, Мицкоски рече нормално дека да, Македонија е независна и суверена држава која има свој карактер и систем.
Comments are closed for this post.