Окружното обвинителство на Софија осуди 34-годишен маж поради говор на омраза упатен кон „македонската народност и етничка припадност кон македонскиот народ“ објавувајќи и фотографија од запалениот автобус на автопатот Струма, во група на социјалните мрежи, соопштија од бугарското обвинителство.
На 23.11.2021 година околу 11.00 часот во канцеларија во Софија, пријавениот С.Б. ширел омраза кон македонската националност и етничка припадност на македонскиот етнос преку објава во група на социјална мрежа. Кон текстот на објавата обвинетиот додал фотографија од запалениот автобус од трагичната несреќа на автопатот Струма, соопшти обвинителството.
Оттаму наведуваат дека за предметот е поведена предистражна постапка за кривично дело од чл. 162, став 1 од Кривичниот законик.
С.Б. не бил осудуван. Обвинетиот ја признал вината и по договор одобрен од Окружниот суд во Софија наложено му е „лишување од слобода“ во времетраење од 4 месеци, а издржувањето на затворската казна му е одложено за период од 3 години. Договорот има сила на ефективна казна и не е предмет на жалба, соопшти Обвинителството.
Comments are closed for this post.