Трет ден по автобуската несреќа каква што не забележена на Балканот само еден збор не се споменува- Оставка. Овој збор очигледно е напознат за власта на ДУИ и СДСМ под која само несреќи ни се случуваат. Ласкарци, пожарот во Тетово, „Беса транс“…. којзнае што е следно?
Наместо оставки сега имаме префрлање на топката и одговорноста.А дека имало пропусти е повеќе од очигледно.
Од каде да почнеме?
Прво и најважно е што кобниот автобус немал лиценца за меѓународен транспорт. Само господ знае колку пати поминал на Деве Баир без тоа никој да го забележи или пак цариниците замижале.
Се чини дека најодговорна е Царината која го пуштила автобусот без лиценца.Јасно е дека автобусот не смеел да превезува патници без тој извод.
Затоа не треба вината да падне врз двајца цариници кои се суспендирани туку одговорност треба да се бара од највисокото раководство на Царината.
За ненадлешен се прогласи и Државниот инспекторат за транспорт Руфат Хусеини.Тој вели дека безбедноста на сообраќајот на конторлираат МВР и Министерството за транспорт и врски.
Но, за ненадлежен се прогласи и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој вели дека е точно дека тие ги издаваат лиценците а дали компаниите работат според закон било работа на инспекциите.
Симптоматично е и однесувањето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Обвинителот најпрво вели дека тезите со тубите биле шпекулации а потоа рече дека видел туби кои не биле игорени.
Прашуваме, како е можно пластични туби да не изгореле кога изгоре целиот автобус.Горел метал, пластика, луѓе….. горело се.
И згора на се доаѓа изјавата на министерот Спасовски дека неговите информации биле дека немало туби со нафта во автобусот.
Во истото се „колнат и во Беса транс“.
Но, најдобра илустрација за ова даде бугарскиот весник „24 часа“.
45 животи за 1,07 лева далавера.
Comments are closed for this post.