Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Софија, по добиен сигнал, привело 24-годишно момче, со криминални минато, пишува „24 часа“.
Според податоците, тој на Фејсбук објавувал коментари поврзани со трагичниот инцидент со патничкиот автобус на автопатот „Струма“, што излегуваат надвор од морално-етичките норми.
Материјалите се доставени до надлежните институции за прекршување на чл.162 од бугарскиот кривичен закон, што се однесува на ширење на говор на омраза на социјалните мрежи врз основа на етничка припадност.
Comments are closed for this post.