„Јас имам 120 пратеници“.
Ова е одговорот на спикерот Џафери на прашањата на новинарите како Собранието ќе работи во ваква ситуација кога никој со сигурност не може да потврди каков е распоредот на силите.
Најверојатно односот на силите е 60-60 но нејасно е како ќе делува пратеникот Кастриот Реџепи. Тој е исклучен од партијата Беса која најави дека ќе делува опозициски и нема да влегува во власта.
Згора на тоа и Алтернатива уште се дума дали да ја прифати понудата на Заев за влез во владата.Ако партијата на Гаши прифати, парламентарното мнозинство ќе се зголеми на 63 или 64 пратеници.
Колку оваа состојба во Собранието е неодржлива покажува што ВМРО-ДПМНЕ го прави кворумот за расправата за буџетот а нејасно е дали ќе има 61 пратеник за да се контатираат оставките на министерот за земјоделство Аријанит Хоџа и неколкумина заменици.
Comments are closed for this post.