Од утре за влез во објекти е потребен сертификат за примени две дози на вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.
– Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот, се наведува во соопштението од Министерството
Comments are closed for this post.