Со оставката на Заев од премиерската функција се наметнува прашањето што ќе се случува со преговорите со Бугарија од кои зависи почетокот на преговорите со ЕУ.Иако токму Заев со тогашниот премиер Борисов потпишаа Договор за добрососедство и пријателство ко кој требаше да се затворат сите отворени прашање тојсе претвори во Пандорина кутија од која излегоа многу проблеми и стари рани, анализира „Pressing TV“.
Бугарија обвинува дека тој не се спроведува со потребното ниво и затоа не можат да дадат дозвола за почеток на преговорите.
Конкретно Бугарија бара да прифатиме дека Македонците не постоеле до 1944 година и оти се коминтерновска творба а пак македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. За историјата до 1944 година се бара да прифатиме дека ни е „општа“ или во бугарски превод тоа значи бугарска.
Од нас се бара и да прифатиме дека сите Илинденци на чело со Гоце Делчев се Бугарија. Згора на тоа, работата на историската комисија е блокирана а еден од најважните членови Ванчо Георгиев си поднесе оставка поради тоа што не се сложуваше со остапките што Македонија ги прави.
Што е премногу премногу е, дури и за Заев. Но, како што досега праксата покажа нема барање од Бугарија што Заев не може да го исполни па така и тој пред овие избори рече дека по изборите во двете земји ќе се зафати со решавање на спорот со источниот сосед.
Овој месец во Бугарија се одржуваат парламентарни и претседателски избори. Како што стојат работие за старо-нов претседател ќе биде избран Румен Радев а за премиер „братот“ на Заев Бојко Борисов. Кога се работи по прашањето за Македонија меѓу нив нема големи разлики. Борисов поголем акцент става на историјата а Радев на човековите права, додека по прашањето за впишувањето на Бугари во македонскиот устав двајцата се сложни.
Заев засега се држи на ставот дека Бугарите може да влезат во Уставот но пред влезот на земјата во ЕУ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по ова прашање се залага за принципот на реципроцитет односно тоа да важи и за македонското малцинство во Бугарија.
Овој месец е и Европскиот совет на кој малку е веројатно да се покрене прашањето за почеток на преговорите со Македонија.
Но, затоа пак нема никакви формални пречки Заев додека се уште формално е премиер пак макар и со најавена оставка да продолжи да преговара, и она најстрашното да се договори со Бугарија, се разбира на наша штета.
Етички би било во овој период пред да се избере негов наследник Заев малку да „закочи“ по прашањето со Бугарија и тоа да му го остави неговиот наследник.
Но, етиката никогаш не му била силна страна на Заев, прашање е и дали го разбира значењето на тој збор.
Comments are closed for this post.