Откако Зоран Заев најави оставка на премиерската и на лидерската позиција во СДСМ веќе почнаа предвидувањата и комбинаторките кој ќе го наследи.

Многу е веројатно дека оној кој ќе биде избран најпрво за премиер ќе биде и нов лидер на СДСМ. Партиските избори може и да бидат за неколку месеци, но премиер мора да се избере во најкус рок.

Не треба да постојат сомнежи дека Заев ќе го избере мандатарот за нов премиер и оти тоа тоа ќе биде лице во кое тој има најголема доверба.

Во овој момент тоа секако е вицепремиерот Љупчо Николовски. Заев отстраана сигурно ќе раководи со новата влада и затоа му треба некој што народски кажано го „слуша“.

Што се однесува до изборот за нов претседател на СДСМ таму работите стојат поинаку. Структури во партијата кои се пасифизирани и тргнати настрана веќе покажуваат амбиции за лидерската позиција но тоа ќе оди потешко поради тоа што СДСМ го смени статутот и за изборот на претседател одлучуваат самите членови на директни избори.

СДСМ во мај годинава одржа конгрес на кој убедливо победи Заев но тој немаше против кандадат.

За избор на нов лидер сигурно ќе има повеќе кандидати а свој кандидат сигурно ќе има и т.н „скопско крило“ а ќе се замешаат и кадрите кои гравитираат околу Бранко Црвенковски.

Нема да биде изненадување доколку актуелната директорка на УЈП Сања Лукаревска биде кандидирана и избрана за нов лидер на СДСМ.

Заев е претседател на СДСМ од 2013 година. Партијата има и заменик-претседател, Сања Лукаревска и четворица потпретседатели Мила Царовска, Венко Филипче, Фатмир Битиќи и Оливер Спасовски.