Не една, туку неколку Даниели со презиме Арсовска постојат во системот на МВР и Агенцијата за Бугари во странство, но ниту една го нема бројот на уверение кој на прес конференција го презентираше Славјанка Петровска од СДСМ.
По кратко пребарување во системот за гласање, регистарот на Агенцијата за бугари во странство и МВР на Бугарија, ќе наидете на повеќе лица кои носат име и презиме – Даниела Арсовска, но ниту едно од овие лица не е заведено во регистарот под бројот на уверение 1688/2007 каков што презентираше Славјанка Петровска од СДСМ.
Според податоците од изборната комисија на Бугарија, пак, на последните избори на гласање излегла извесна Даниела Арсовска да гласа, но истата е родум од Струмица, а не од Скопје.
Она што е поинтересно, пак, МВР на Бугарија по последната евиденција нема евидентирано пасош на име Даниела Арсовска, со матичниот број кој стои во документот кој го објави Славјанка Петровска од СДСМ.
Во телефонски разговор со „Инфомакс“, од Агенцијата за бугари во странство, кои ги издаваат овие уверенија, велат дека во нивната архива немаат лице со име Даниела Арсовска родена на 20.12.1979, од Скопје, а немаат ниту Данела Арсовска, но велат дека имаат Даниела Арсовска родена во Струмица.
Ваквите официјални бугарски документи ја потврдуваат црната кампања со лаги и монтирани конструкции од страна на СДСМ.
Comments are closed for this post.