Заедничка изјава на Стејт департментот и ЕУ: Македонија и Албанија без одлагање да ги започнат преговорите

20.10.2021 / 14:37


Во заедничка изјава на американскиот Стејт департмент и Европската унија информираат дека по неодамнешната средба меѓу секретарот Ентони Блинкен и високиот претставник на Унијата, Жозеп Борел, Соединетите Американски Држави и ЕУ се согласиле дополнително да го зајакнат нивниот заеднички ангажман на Западен Балкан за поддршка на напредокот на регионот на европскиот пат.

-Ја потенцираме нашата целосна поддршка за процесот на проширување на ЕУ. Пристапувањето кон ЕУ, кој е наведен како приоритет за целиот Западен Балкан, помага во зајакнување на демократските институции, заштитата на основните права и унапредувањето на владеењето на правото. Овој регион припаѓа на Европската унија. Интеграцијата ќе ја зајакне стабилноста и ќе придонесе за просперитет на луѓето од регионот. Во овој контекст, нагласуваме дека пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија треба да започнат без одлагање, се вели во заедничката изјава на Вашингтон и Брисел.

Тие додаваат дека Соединетите држави и Европската унија се обединети во нивната цврста поддршка за територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и во нивната заедничка работа за промовирање на изборни и уставни реформи и одржување на функционалноста на државните институции.

-Имаме сериозна загриженост во врска со реториката која создава делби во Босна и Херцеговина. Ги повикуваме сите страни да ги почитуваат и заштитуваат државните институции, да продолжат со конструктивниот дијалог и да преземат чекори за унапредување на напредокот на интегративниот пат во ЕУ – вклучително и клучните реформи. ЕУ и САД се подготвени да ги олеснат овие чекори, се додава во изјавата.

Тие понатаму велат дека дијалогот е клучен механизам за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

-По последните недели кога имаше тензии на северот на Косово, ги охрабруваме двете страни да се вклучат во континуирана и одржлива деескалација и да избегнуваат дејствија што ја загрозуваат стабилноста. Го поздравуваме и поддржуваме ангажманот на Косово во борбата против корупцијата и организираниот криминал и повторуваме дека насилството врз цивили, новинари, полиција или други власти е неприфатливо, се порачува во изјавата.

САД и ЕУ ги повикаа и сите политички сили во Црна Гора да работат заедно за да ја одржат стратешката ориентација што ја одразува желбата на народот на Црна Гора да ги постигне реформите неопходни за да ги остварат нивните надежи за иднина во ЕУ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Вака треба да изгледа првата подземна сообраќајница „Македонија“

пред 3 часа
Македонија

Мицкоски најави: При крај на оваа пролет ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје

пред 5 часа
Македонија

Тошковски: Ќе има известување и за тие што ја пречекориле законски дозоволената граница, но без казнување

пред 22 часа
Македонија

Мицкоски до СДСМ: Не може да победам место вас на избори

пред 2 дена
Македонија

Касно Венко во Брисел стигнува

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Уставни измени нема да има, додека сум јас претседател на Владата

пред 3 дена
Македонија

Во „1000 зошто 1000 затоа“ не пишува дека Филипче треба да ги контролира медиумите

пред 3 дена
Македонија

Што пие и јаде ДИК: Маричиќ е нов претседател

пред 4 дена
Македонија

Филипче е подготвен за избори!

пред 4 дена
Македонија

ТВ Колумна „5 минути со Чавез“: Филипче сака нежни…наслови во медиумите, тврдите го болат

пред 4 дена