Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, вели дека оние што ги има на Избирачкиот список, а не се попишале на неодамнешниот национален попис се надвор од земјата. Апсурдот е тоа што за утрешните локални избори, списокот на гласачи брои нешто повеќе од 1,8 милиони, а приближна иста е бројката, заедно со малолетници, на резидентни граѓани евидентирани на пописот.
Да, ама во пописот се и децата и малолетните, а во списокот не се. Значи каде се тие што се во Избирачкиот список? Надвор од државата, многу едноставно и просто. Ние на крајот ќе излеземе со податок колку од нашето население е надвор. Нема да знаеме за сите каде се и колку време се, но ќе знаеме бројка, колку се во земјата, а колку се надвор, вели Симовски во интервјуто за МКД.
Comments are closed for this post.