Почитувањето на човековите права и недискриминацијата се фундаментални принципи во основата на Европската унија, и затоа тие мора да бидат водечки критериум во политиката на проширување на ЕУ, рече претседателот на Република Бугарија Румен Радев за време на состанокот со министерот за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска Гордан Грлиќ-Радман, соопшти прес-службата на претседателот.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев и Грлиќ-Радман, беа едногласни дека во интерес на стабилноста на Балканот, европската перспектива на земјите од регионот е од клучно значење, но со исполнувањето на сите критериуми за проширување.
Претседателот Радев ги оцени како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на човековите права на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест. Тој изрази поддршка за нивната желба да бидат вклучени меѓу деловите на нациите наведени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, како и на нивните очекувања за објективно одразување на резултатите од пописот.
Comments are closed for this post.