Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Босилово направи паралела како се однесува еден одговорен политичар, а како се однесува Зоран Заев, посочувајќи го примерот на австрискиот канцелар Себастијан Курц кој поради сомнеж дека владини институции плаќале анкети на кои се фаворизирала власта се лажело, си поднел оставка, додека во Македонија изгореа 14 живи луѓе во тетовската модуларна болница, а одговорен беше единствено кабел.
Како за пример како постапува одговорен политичар пред својот народ ќе го наведам австрискиот канцелар Себастијан Курц си поднесе оставка затоа што постојат сомневања дека владини институции плаќале анкети со кои се фаворизирала власта, а се лажел. Курц покажа висок степен на морална одговорност и верба во принципи. Кај нас 14 луѓе живи гореа во модуларната болница во Тетово, и немаме ниту еден виновен, истакна претседателот Мицкоски.
Во суштина имаме еден, тоа бил продолжениот кабел. За смртта на овие 14 луѓе не бил виновен според Зоран Заев, ниту Венко Филипче, ниту заменикот на Венко Филипче, ниту директорот на болницата. Значи никој не е виновен 14 луѓе што живи гореа, виновен бил продолжениот кабел. Е во таква реалност ние денеска живееме. А кога сме пак кај причините за оставка на австрискиот канцелар Курц, не го знам случајот во Австрија како е, ама што прави Заев. Неколку години по ред си вклучува договори не со една, туку со повеќе агенции кои што го мерат јавното мислење, онаму каде што ќе прочитате дека води СДСМ и Заев, тие се тие, затоа што само на тие скапо платените од украдените пари на народот може СДСМ и Заев да води, вели Мицкоски.
Comments are closed for this post.