Мицкоски во Прилеп: Очекуваме една голема победа на доктор Борче Јовчески овдека уште во првиот круг

09.10.2021 / 14:48


Благодарам на интересот, денеска сме овде во Прилеп градот херој, ќе имаме исто така во понеделник централен митинг овдека во Прилеп. Она кое што денеска сакам да го порачам во Прилеп е дека Прилеп не го заслужува ова денешно тешко секојдневие, мачно секојдневие, ова денешно тешко политичко мочуриште кое што го живее и Прилеп и прилепчани, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Затоа сме тука да им ја пренесеме нашата порака на прилепчани дека не треба да се разочаруваат, не треба да очајуваат, најдобрите години допрва доаѓаат за Прилеп, со новиот градоначалник доктор Борче Јовчески. Очекуваме една голема победа на доктор Борче Јовчески овдека уште во првиот круг, уште на 17-ти октомври, а потоа нормално многу работа затоа што има многу работи кои што треба да се исправат кои што изминативе четири години беа погрешни, изминативе четири години беа недостоинствени за Прилеп и за прилепчани. Од она кое што можев да го слушнам денеска од прилепчани, навистина тешко се живее, луѓето се незадоволни од ова секојдневие даваат поддршка, апатијата која што владее низ цела Македонија е пресликана и овде во Прилеп, вели Мицкоски.

Тој додава дека но, затоа сме тука да упатиме порака дека иднината доаѓа, дека промените, проектите и победите се тука. И дека заедно, заедно на 17-ти октомври треба да создадеме нова заедничка просперитетна иднина која што ќе ги отвори нели можностите за сите граѓани вклучително и за Прилеп и за прилепчани.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски во интервју за МИА од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета

пред 10 часа
Македонија

Пруга кон Бугарија: Се гради најдолгиот мост на делницата Бељаковце – Крива Паланка

пред 11 часа
Македонија

И Перпарим Бајрами не се чувствува виновен

пред 11 часа
Македонија

Николоски: Кај Ботун се решава најтешкиот предизвик на автопатот Охрид – Кичево, со специјални машини кои тежат по 130 тони

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски oд Вашингтон: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

пред 2 дена
Македонија

Maрта Кос и се додворува на Бугарија

пред 2 дена
Македонија

Не бива Груби да ужива во слободата, а Перпарим да ја запознава Шутка

пред 2 дена
Македонија

„5 минути со Чавез“: Врховен го изеде судството – тепсијата стоо

пред 3 дена
Македонија

Премиерот Мицкоски во САД на Генералното собрание на ОН

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски за посетата на САД: Планирани се средби на ултра високо ниво, со државници и финансиски институции

пред 4 дена
parla iptvbetciograndpashabet girişgrandpashabet girişstarzbetjojobetMarsbahisnesinecasinojojobetcasibomcasibomcasibomMarsbahisjojobetsekabetjojobetJojobet GirişsekabetbetparkpusulabetcratosroyalbetholiganbetjojobetholiganbetJojobet