Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера на митинг во општина Ѓорче Петров, истакна дека од Самитот ЕУ-Западен Балкан дојде пораката дека дури ни 2030 година не е годината кога Македонија и Западен Балкан ќе бидат дел од Европската Унија.
Мицкоски нагласи дека нема Европска Унија со СДСМ, затоа што се длабоко навлезени во криминал и корупција.
Ако се сеќавате пред три години како СДСМ не убедуваше дека Европската Унија е загарантирана, дека датум сме добиле, дека онаа слика со плаците во авиончето од Заев, Османи и Анѓушев. Не само што со СДСМ нема датум, туку и Македонија ја втурнаа во нова криза во европските интеграции што поради нивниот криминал и заразната корупција ЕУ стана далечна цел. А се сеќавате, ни викаше излезете за Европска Македонија и ќе имаме бесплатно здравство. Имаше билборди на кои ни порачуваше дека ќе обезбедил бесплатни студии во Европа, 250 илјади евра помош секој ден, 18 милиони евра за реформи во судството и што уште не.
А каква е реалноста?
Денес да може и воздухот што го дишеме да ни го наплати.
Уште пострашно е што државата на чело со СДСМ нема цел кон која се движи. Со СДСМ нема Европска унија, зошто има криминал, сиромаштија и нема систем. Не може да сме најкорумпирана земја во Европа, а да сме дел од ЕУ – истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.