На митинзите на отворено кои во рамки на предзиборната кампања за локалните избори ги организираат партиите, иако нема официјална препорака за носење маска, пожелно е таа да се носи, но и да се создадат услови за можност за барање на сертификатите за вакцинација, смета министерот за здравство Венко Филипче.
– Секаде каде што има влез и излез тоа би требало да се прави. Тешко е да се организира каде што се собираат граѓаните, но се согласувам дека забелешката ви е на место. Уште денеска ќе најдам начин да препорачам до сите политички партии, да најдат начин сето тоа да биде искоординирано со влез-излез доколку е можно, за да се побара сертификат. Доколку може сметам дека ова треба да се организра во таа насока, вели Филипче на новинартско прашање на денешната прес-конференција.
Тој вели, дека на отворените митинзи добро е граѓаните да носат маска за да се заштитат себе си и другите кога можат, без разлика на тоа што нема официјална препорака, а нема, вели, бидејќи е прилично стабилна ситуацијата. Препораката за носење маски на затворено останува, додаде Филипче.
Во однос на изборниот ден тој потенцира дека постојат протоколи, кои се применуваа и на претходниот изборен циклус.
– Огромен процент од сите тие кои што се вклучени во целокупниот процес, верувам дека се вакцинирани. Но, и за време на претходните избори, кога вакцина се уште немаше, запазувајќи ги сите протоколи за спроведување на настани на затворено немаше некој случај на пренос на вирусот. Така што сметам дека со придржување на тие протоколи, кои што се општи протоколи за превенција, целокупниот тој процес ќе биде добро организиран и ќе значи: држење на дистанца, неконцентрирање, односно пуштање по еден или двајца граѓани на гласање, исто како што беше организиран и претходниот изборен циклус, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
Comments are closed for this post.