Мафијата од Косово и Албанија се стреми да ги испере парите од трговијата со хероин, на кој има монопол на пазарот во Чешка, и да ги вложи во легални трансакции, пишува чешкиот весник “Хосподаржске вести”.
Шефот на Централата за борба против дрогата Јиржи Комороус изјавил дека за време на косовската криза имале оперативни податоци како структури на албанската наркомафија учествувале во финансирањето на Ослободителната војска на Косово (ОВК). ЕУ, САД и ОН не преземале ништо поради врските меѓу организираниот криминал и косовско-албанската врхушка.
Comments are closed for this post.