Шериф од Молдавија е најпријатното изненадување во Лигата на шампионите и вечерва игра против Реал Мадрид. Овој клуб доаѓа од Тираспол, град кој официјално е дел од Молдавија но всушност не е.
Тираспол е дел од Придњестовската република која функционира дефакто како посебна држава во рамките на Молдавија иако не се признати од никого.
Имаат своја полиција, влада, админтративен премин и клуб кој е еден од најдобрите организрани. Газди на Шериф се Виктор Гушан и Илија Казмали кои најпрво ја основала компанијата Шериф како хуманитарна организација.
Но,всушност таа служела за шверц на циграри, месо, алкохол и оружје преку границата со Украина.
Виктор и Илија направија модреден стадион за 12.000 гледачи и суперлуксузен комплекс кој е еден од најдобрите во тој регион и во кој вложија 200 милиони евра.
Comments are closed for this post.