Поранешниот министер за одбрана на Бугарија Бојко Ноев, во чие време Бугарија ги подари тенковите на Република Македонија за време на конфликтот од 2001 г. изјави дека мора да биде голема политичка одлука од страна наМакедонија за да се отвори патот на земјата за преговори со ЕУ.
„Лажна надеж е да се очекува дека ќе дојде некаква нова стабилна Влада и некаков нов парламент, што ќе ја сменат позицијата на Бугарија. Тоа нема да се случи. Односите меѓу Бугарија и РС Македонија се наоѓаат во точка, за која што е неопходно принципиелна висока политичка одлука. Истата треба да биде на полето на запирање на дебугаризацијата, признавање на правата на Бугарите таму, рамноправно со сите останати народи. Нивно вклучување во уставот, дозволата да се вклучат во политичкиот живот и фер и коректен попис. Тоа значи резултат близок до бројката што се наоѓа во нашите регистри, а таа изнесува 120 илјади луѓе“, изјави Ноев.
Comments are closed for this post.