Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја оцени како шокантна изјавата на премиерот Зоран Заев за бришење на „бугарскиот фашистички окупатор“ од учебниците и спомениците.
Заев, рече Мицкоски, тоа нека им го каже на внуците, синовите и ќерките на луѓето кои своите животи ги загубија во Треблинка, уапсени и ставени во вагони од страна на бугарскиот фашистички окупатор.
-Ним нека им објасни кои се тие што соработувале, а кои се тие што не соработувале. Шокантно. Ние не сме талибанци да бришеме историски факти. Тие биле фашисти, ние сме се бореле против тие фашисти и наместо да бараат да бришеме учебници, треба да дојдат и да му се извинат на овој народ, истакна Мицкоски пред состанокот со претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија.
Comments are closed for this post.