Почнувајќи од 2024 година, општините ќе добиваат по 6 отсто од персоналниот данок и од Данокот на додадена вредност како нов чекор во натамошната децентрализација во државата.
Ова на прес-конференција го објавија премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими, промовирајќи ги предложените измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
-Приходите од персоналниот данок од 3 ќе се зголемат на 6 проценти до 2024. Од ДДВ исто така зголемувањето ќе биде на 6 проценти . Тоа се стабилни приходи во буџетот на општините и се намалуваат доспеаните а неплатени обврски. Се очекува зголемување на транспарентноста и отчетноста на сите средства кои се доделени од држават, објави Заев.
Министерот Бесими рече дека приходите на општините од личниот данок на доход ќе бидат од физичките лица, кои живеат во самата општина. Во 2022 од истиот општините ќе добиваат 4, во 2023 ставката ќе биде 5, а од 2024 предвидено е да стигне до 6 проценти.
Дотациите од ДДВ за општините кои сега ги добиваат од централниот буџет се 4,5 отсто, а во 2024 ќе бидат 6 проценти. Помеѓу, во 2023 износот ќе биде 5 отсто, а во 2023 ќе биде 5,5.
Премиерот Заев со законските измени очекува поголема финансиска транспарентност и финансиската дисциплина од општините, како и забрзана изградба на спортски и здравствени објекти на локално ниво, прочистителни станици, градинки, училишта и подобрување на јавните услуги
-Процесот на децентрализација треба да им овозможи на општините да бидат финансиски стабилни. Сега одиме со трајни законски решенија за системска функционалност и независност и со тоа на привлекување на нови инвестиции. Измените се во насока на подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приоходите на општините, додаде Заев.
Comments are closed for this post.