Откако се појави нон пејпер документ според кој треба да се реши спорот со Бугарија кој ја крена јавноста на нозе со став се јавија и владата и кабинетот на шефот на државата.Од владата излегоа со став дека во игра е само португалскиот предлог , додека од кај Пендаровски велат дека нема нов предлог и оти за прашања поврзани со идентитетот нема преговори.

Да се потсетиме што содржеше предлогот на Португалија:

 

Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година – ова како решение за јазичниот спор го предвидува португалскиот предлог.

Според документот, поделен во четири анекси, се предвидува вакви посебни унилатерални декларации да бидат дадени од Бугарија и Македонија на почетокот на првата меѓувладина конференција, а со нив како што стои во документот – не се нарушуваат црвените линии и се овозможува продолжување на евроинтегративниот процес.

Конкретно,Предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија предвидува да остане македонскиот јазик таков каков што е, ‘македонски јазик’ и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција.